7 продукти богати со протеини кои може да ги јадете како замена за месо

Ако сте вегетаријанци или едноставно избегнувате да јадете месо, треба да знаете кои продукти да ги консумирате за да ги надополнат протеините кои ги внесувате преку месото. Месото содржи протеини неопходни за нормално и здраво функционирање на организмот и затоа ако се одлучите да го исфрлите од исхраната, мора да ги внесувате преку други продукти.

Тофу сирењето има 7гр протеини на секои 100гр. Се прави од соја и е исклучително здраво, а плус тоа и лесно се припрема. Извадете го од пластичниот сад, исцедете го вишокот течност и спремете го за готвење.



Леќата е многу вкусна и се прави полесно од останатите јадења, бидејќи не мора да се подготвува специјално пред готвењето. Едно пакување од 100гр леќа содржи 9гр протеини. Може да се најде во конзерва, но и во вреќички. Потребни се само 30 минути за нејзино подготвување.



Киноата е уште еден од продуктите кои содржат многу протеини. Сто грама зготвена киноа содржи 4гр протеини. Има одличен вкус, а може да биде замена и за тестенини и ориз, како прилог на главното јадење, но одлично е и ако се користи за салата или чорби. Се подготвува слично како оризот во вода. Потоа, може да додадете зготвен зеленчук и ќе добиете совршено здрав оброк.



Гравот содржи голема количина на протеини. Вкусен е во сите варијанти. Може да го подготвите како чорба, густ или за салата. Бидејќи тешко се вари, најдобро е да го ставите една ноќ да престои во вода, па следниот ден да го сварите.



Јајцата се одлични за почеток на денот како појадок. Секое јајце содржи околу 6гр протеини, па се одлична замена за месо. Иако се од животинско потекло, не се забранети за вегетаријанците. Постојат различни начини за припрема на јајца, па подгответе ги како и да сакате.



Безмасно сирење освен што е богато со протеини – е и нискокалорично, па е идеално ако внимавате на линијата. Одлично е како додаток во свежи салати, а може да го јадете и со препечен леб. Поснато вакво сирење е Сремското кое содржи – 13гр протеини  на 100гр е и нискокалорично.



Семките од тиква може да се здрави грицки кои ќе ви ги овозможат потребните витамини. Околу 30гр семки содржат 7гр протеини. Лесно се подготвуваат, едноставно потпечете ги на тефлонска тава без масло со малку сол. Сепак, не претерувајте со нивна консумација, бидејќи се многу калорични.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби