Колку е штетно да се отиде на спиење со полн стомак?

Многу често знаеме да посегнеме по некој оброк доцна навечер. Јадењето пред спиење многу брзо веројатно ќе ни го наруши сонот, а ако тоа го правиме почесто, ќе ни ја наруши и линијата.

Истражувањата покажуваат дека токму овие оброци не се воопшто добри. Па дури и ако јадеме во 22 часот, наместо во 19 часот е штетно, затоа што ќе се здебелиме. Научните докази упатуваат на тоа дека нашето тело знае кога треба да биде будно и да јаде, а кога треба да спие, односно да одмара и да не внесува храна.



Поради тоа, кога јадете во неочекувано време, на пример во 23:30 часот, кога би требало да спиете, метаболичните органи како што е црниот дроб се збунуваат, бидејќи не се подготвени за преработка на храната во тоа време, поради што работат помалку од вообичаено. Тоа предизвикува проблеми со инсулинот и нивото на шеќер во крвта, па како резултат на тоа се создаваат масти.

Луѓето кои редовно јадат подоцна, имаат пообилна половина и индекс на телесна маса повеќе од луѓето кои јадат во нормално време. Дури и здравите жени кои јадат подоцна во денот побавно ги преработуваат јаглехидратите, помалку се толерантни на гликоза и согоруваат помалку калории за време на одморот, во споредба со жените кои јадат порано.



Што да направите?

Не јадете барем два часа пред спиење. Исто така, пред да легнете никако не смеете да посегнете по:

  • Алкохол – кој не може да ја задржи храната и киселините во желудникот
  • Газирани пијалаци – јаглеродниот диоксид во овие пијалаци го зголемува притисокот во желудникот
  • Масна храна – заборавете на грицки, сладолед, бисквити, хамбургери бидејќи се штетни
  • Чоколадо – освен големото количество на масти, содржи и кофеин кој предизвикува гастричен рефлукс.
  • Сирење – ако баш мора да консумирате, изберете некое потврдо, а не меко како фета или моцарела
  • Цитрусно овошје – содржат големо количество на киселини
  • Кафе – освен кофеинот, од кој нема да може да заспиете, кафето излачува многу киселини во желудникот

Во деновите пак кога морате да јадете нешто, потрудете се да изберете нешто од следните производи:

  • Цреши – бидејќи тераат на спиење со оглед на тоа дека содржат мелатонин, хормон кој го регулира нашиот биолошки часовник
  • Мисиркино месо – го поттикнува спиењето, бидејќи ја содржи аминокиселината триптофан
  • Јасмин ориз – веднаш ќе ве успие
  • Житарици со сложени јаглехидрати – квиноа, јачмен, хељда се само некои од житните производи кои може да се консумираат
  • Банани – во себе содржат магнезиум кој ги опушта мускулите
  • Чај од валеријана – го смирува умот и телото

Многумина од нас за појадок или ручек јадат помалку, а за вечера најмногу, па потрудете се и по тоа прашање да направите баланс. Тоа значи дека оброкот треба да содржи 10-12 дгр белковини, а половина чинија нека биде зеленчук. Секој ден изедете и порција скроб или овошје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби