Пробајте: 10 комбинации кои имаат одличен вкус

Можеби не ни помислувате колку некое овошје може да е вкусно ако го ставиме како додаток со некое месо. Познатите готвачи постојано прават интересни комбинации, од кои често гостите ги лижат своите прсти бидејќи јадењето им е толку многу вкусно.

Поради тоа ви претставуваме неколку комбинации, кои сигурно до сега не ви текнало дека може да ги комбинирате.

Боровница и јунешко месо



Ова е специјалитет во Фиренца. Од слатко-киселкастиот вкус на боровницата и балсамико оцет се подготвува густ прелив, кој се прелива врз зготвеното месо.

Јагоди и домати



Можеби ви збучи чудно, но слатките јагоди се одличен пар со доматите за во салати, супи или со брускети.

Маслиново масло и сладолед



Знаевте ли дека маслиновото масло е популарен вкус на сладолед во Италија? Не морате да одите толку далеку за да уживате во оваа комбинација, туку наместо тоа направете сладолед од ванила и попрскајте со малку масло.

Пилешко месо и кока кола



Подгответе го пилешкото месо со кока кола, која му дава додатна лепливост и ќе му го заостри вкусот на месото.

Авокадо и чоколадо



Прво помисливме „бљак“, но потоа се сетивме дека авокадото е полно со здрави маснотии, па претставува фина и кремаста подлога за чоколаден мус, смути или мешавина за мафини.

Темна чоколада и пармезан



Пред да превртите со очи, сетете се дека пармезанот и темното чоколадо имаат јак и помалку горчлив вкус, па затоа добро се мешаат заедно. Растопете ги помеѓу две лепчиња и направете сендвич за кој сите ќе полудат.

Портокал и маслинки



Слаткиот и цитросен вкус на портокалите одлично се совпаѓа со маслинките. Оваа комбинација можете да ја искористите за подготовка на десерт, на пример, за печење на колач од портокал и маслинки.

Јогурт и јајца



Ова се класични намирници за појадок, но ретко кој ги комбинира. Следен пат направете поширани јајца со крем од цврст јогурт.

Манго и чили во прав



Мангото е слатко, егзотично овошје кое со малку чили во прав се претвора во возбудлив додаток за маринади и коктели.

Сланина и путер од кикирики



Сигурно сте слушнале дека се има подобар вкус ако додадете сланина. Путерот од кикирики не е исклучок за ова прашање. Изненадите се самите себе со сендвич од сланина, путер од кикирики и малку банана.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби