Dave's Kitchen: Вкусна домашно подготвена пастрмајлија

Изненадете го Вашето семејство и пригответе им превкусна пастрмајлија.

Ќе ви бидат и повеќе од благодарни! За овој рецепт од кујната на Давор ќе ви бидат потребни следните состојки:

  • 1кгр. Екстра бело брашно Тип 400- Жито Лукс
  • 600 мл. млака вода
  • 2 лажичиња сол
  • 2 лажичиња шеќер
  • 100 гр. масло за јадење
  • 1 квасец
  • 150 гр. ситно исечкано пилешко месо посолено и отстоено во сол минимум 30 минути
  • 1 јајце

Начин на подготовка:

Од сите состојки се замесува тесто и се остава тестото да стаса околу 90 минути.

Се размесува и се дели на 4 дела. Секој дел се расукува во форма на чамец со притискање на средишниот дел за краевите да бидат повисоки.

Се редат парчињата месо низ целата пастрмајлија и се пече во загреана рерна на 250 степени околу 15 минути, па се намалува на 200 уште 10-тина минути. Кога ќе фати кора пастрмајлијата се премачкува со свинска маст.

Две до три минути пред да биде готова искршете го јајцето, изматете го и прелијте го врз месото. Печете уште 2-3 минути.

Добар апетит!

За повеќе рецепти од кујна на Давор посетете ја неговата FB страна Dave’s Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби