Dave’s Kitchen: Ќофтиња во сос од домати и праски

Превкусен рецепт за овој празничен викенд. Ќе ни верувате само доколку го направите бидејќи ова е еден од оние рецепти пред кои никој не може да остане рамнодушен.

Можете да го комбинирате со шпагети или едноставно да го јадете така. Која и опција да ја изберете нема да погрешите.

Потребни состојки:

За ќофтињата

  • 3-4 лажици лебни трошки Жито Лукс
  • 500 гр. мелено месо
  • 1/2 главица кромид ситно исецкана
  • 1 јајце
  • 1 чешне лук ситно исецкано
  • Мешан сув зеленчук

За сосот:

  • 700 мл доматен сос или конзерви исечкани домати
  • 2 праски од компот ситно исечкани
  • Сол и оригано по вкус

Начин на подготовка:

Сите состојки потребни за ќофтињата измешајте ги во еден сад и оставете ги во ладилник смесата да одмори околу 1 час за сите вкусови да се соединат. Потоа формирајте мали округли ќофтиња и запржете ги на врело масло по 2-3 минути од двете страни. Ставете ги на кујнска хартија за да се впие вишокот на мрснотија.

На страна започнете да го приготвувате сосот. Во загреано масло за јадење додадете ги ситно исечканите праски за да се запржат. После 2 минути додадете ги сечканите домати, солта и ориганото. Гответе на средна температура околу 20-тина минути. Доколку смесата ви е премногу густа, додадете малку водичка. Гответе уште 20 минути и додадете ги ќофтињата. Осигурајте се дека огнот не е на многу силно за да не се распаднат ќофтињата.

Повеќе рецепти од кујната на Давор пронајдете на неговата FB страна Dave’s Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби