Dave’s Kitchen: Домашен рецепт за вкусен хумус

Ако досега не сте пробале хумус не знаете што пропуштате. Здрав и вкусен, овој намаз е еден од најпопуларните во светот. Наместо да го купувате готов, направете си домашна верзија благодарение на овој едноставен рецепт.

Потребни состојки:

  • 800 гр. варен наут
  • 120 мл. вода
  • 150 мл. тахини (или таан)
  • 120 мл цеден сок од лимон
  • 2 чешниња лук
  • Сол по вкус
  • 120 мл маслиново масло
  • Исечкан магдонос по вкус

Начин на подготовка:

Во блендер изблендирајте го наутот додека не добиете убава хомогена текстура. Додадете ја водата и повторно блендирајте за да добиете кремаста смеса. Додадете го таанот или тахинито, цедениот сок од лимон, лукот и сол по вкус.

Матете околу 5-10 минути, па додадете го магдоносот и маслиновото масло и матете уште 5 минути. Претурете го хумусот во вашиот омилен сад и декорирајте со малку маслиново масло и наут.

Повеќе рецепти од кујната на Давор пронајдете на неговата FB страна Dave’s Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби