Некои нешта е најдобро да останат непробани, барем кога станува збор за храната. Изгледот мами дека она што е убаво за окото е природно, но во суштина станува збор за чиста хемија.
Во Кина создавањето на вештачка храна е секојдневие. За пример земете го видеото со зелката, која што уличните продавачи ја „создаваат“ од течност.
Нудлс од ориз без ориз
Наместо оризово брашно многу компании во Кина произведуваат нудлс од расипани житарици во кои додаваат канцероген адитив. Ваквиот тип на нудлс бил откриен во 50 кинески компании кои дневно исфрлаат на пазарот и до 500 илјади килограми. Некои од производителите признале дека правеле нудлс од ориз, но од расипан.
Лажно тофу од крвта на патка
Еден од специјалитетите кои се карактеристични во Кина е тофу сирењето со крв од патка. Сепак и кога станува збор за специјалитет од овој тип постојат измами. Производителите користат крв од свиња, говедо или пиле и во неа додаваат формалдехид за да добија изглед што наликува на вистинското тофу.
Вештачки мед
Постојат 2 типа на вештачки мед. Првиот е мешавина од оригинален мед со сирупи од шеќер, цвекло и ориз, додека вториот нема никаква врска со мед. Станува збор за смеса добиена од вода, шеќер, безбоен кристален прав и боја. Интересно е тоа што овој „мед“ може да се најде и на европскиот пазар.
Месо од глувци продавано како јагнешко
Некои трговци продаваат јагнешко месо кое во суштина е месо од глувци, видри и лисици замаскирано со најразлични нитрати, боја и желатин. Досега се запленети околу 20 илјади тони од ваков тип на месо.
Ориз од пластика
Тешко е да се замисли дека некој може да создаде лажен ориз, но и тоа се случува. Истиот се прави од брашно од компир и синтетичка смола, по што во смесата се додава арома за сè да изгледа природно. Еден килограм од овој ориз е еквивалент на една пластична кеса.