Овошна пита со јаболка за оние кои не се вешти во печење колачи

Crumble или пита која се рони, е рецепт од познатиот готвач Гордон Ремзи, која се подготвува со овошје и тесто. Има вкус на овошна пита, а наменета е да ја подготвуваат домаќинките кои сакаат благи работи, но не се многу вешти во подготвување на истите.



Потребни состојки:

  • 6 лажици бел шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • малку цимет во прав
  • 6 јаболка со лушпи
  • 3 лажици сушена брусница
  • кора од 1 лимон
  • сок од ½ лимон

Потребни состојки за тестото:

  • 100гр брашно
  • 2 лажици кафеав шеќер
  • малку цимет
  • 4 лажици граноли или мусли со јаткасти плодови

Начин на подготовка:

- Загрејте ја рерната на 200°С. За тоа време направете ја карамелата во мал сад

- Во садот ставете бел шеќер, малку цимет и ванилин шеќерот и ставете ја смесата на оган да се претвори во карамела. Не ја мешајте смесата, туку повремено потресувајте го садот.

- Во карамелата додајте три изрендани јаболка со лушпи, измешајте и оставете ги да се готват минута или две.

- Потоа додајте ги и останатите три јаболка исечени на коцки, лимоновата кора и сокот и на крај сушените брусници. Сето тоа добро измешајте го и тргнете ја смесата од оган.

- Направете тесто од брашно, кафеав шеќер, цимет и коцка ладен путер. Сите состојки мешајте ги со прстите додека не добиете смеса како лебни трошки, а потоа додајте ги гранолите или муслите.

- Истурете го тестото врз печените јаболка и сушените брусници и сето тоа заедно ставете го во рерна на 200 степени околу 12-14 минути додека тестото не добие златна боја.



Послужете дур питата е топла со слатко или топка сладолед.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби