Храна побогата со протеини од јајцата

Храната богата со протеини ни го подобрува метаболизмот, го пролонгира чувството на исполнетост и ја одржува нашата мускулна маса. Токму затоа јајцата кои се богати со многу протеини се омилена храна на луѓето веднаш по вежбање, за побрзо да го доведат телото до посакуваната состојба.

За среќа, јајцата не се единствените продукти богати со протеини. Кои се останатите?

Грашок, 50гр - 6.6гр протеини



Грашокот е богат со протеини, како и магнезиум кој игра голема улога во снабдувањето на енергија и оформување на мускулите. Потрудете се да го консумирате почесто доколку сакате побрзо да го добиете посакуваното тело.

Моцарела и чедар, 30гр - 6.5гр протеини



Овие вкусни сирења може слободно да ги јадете секој ден, бидејќи содржат голема количина на протеини. Исто така богати се со здрави масти, калциум и витамин D.

Црвен грав, 50гр - 7.6гр протеини



Можеби знаете дека гравот е богат извор на влакна, но особено црвениот грав ги надминува тие состојки, бидејќи содржи дури 7.6гр протеини, што е повеќе од едно јајце. Многу луѓе кои имаат проблеми со холестеролот го консумираат често, бидејќи го регулира нивото на холестерол.

Кикирики и путер од кикирики, 7гр протеини



Само две лажици путер од кикирики содржат 8гр протеини, а ако јадете кикирики за да го внесете истото количество на протеини треба да консумирате околу 50гр. Ем вкусни, ем здрави!

Леќа, 50гр - 9гр протеини



Леќата е уште побогата со протеини од црвениот грав, а содржи и влакна кои ви помагаат да ослабете побрзо. Шпанските истражувачи откриле дека луѓето кои консумираат леќа ослабуваат побрзо од оние кои не ја вметнуваат леќата во својата исхрана.

Семки од тиква, 50гр - 9гр протеини



Освен што содржат протеини, семките од тиква содржат магнезиум, фосфор и цинк. Овие состојки се одлични за да имате сјајна кожа, бидејќи ги поправаат оштетените клетки и ги регенерираат новите.

Риба, 50гр – сардела 24гр; туна и лосос 22гр; школки 20гр протеини



Рибата, која има одлично анти-воспалително дејство, го штити мозокот и богата е со омега 3 масни киселини, е одличен избор за внесување на протеини во телото. Може да ја приготвувате на различни начини.

Црвено месо, 50гр – говедско месо 19-31гр, свинско месо 23-25гр, 3 парчиња сланина 8.6гр протеини



Црвеното месо е едно од попознатите извори на протеини покрај јајцата, па потрудете се да го консумирате два пати неделно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби