Сладок бурек нов хит во Белград

Додека некои тоа го нарекуваат „сквернавење“, други воопшто не гледаат во што е проблемот, откако една белградска пекара масовно почна да продава „бурек“ со плазма кекси и еурокрем, кој стана вистински хит меѓу граѓаните, пишува „Курир“.



Сопственичката на фурната, 27-годишната Мара вели дека луѓето во почетокот не го прифатиле, но дека сега не можат да постигнат да испечат доволно сладок бурек поради зголемената побарувачка.

- Искрено, не знам од каде ми дојде идејата. Само ми падна на памет. Седев сама со мајка ми и разговаравме за промените кои би можела да ги воведам во фурната, а тоа да биде нешто невообичаено. И тогаш само реков „ајде да направивме сладок бурек“, изјави Марам која пред две години го наследи семејниот бизнис со фурната.

- Во почетокот бурекот го купуваа само припадници на младата генерација, но сега навистина доаѓаат луѓе од сите возрасти, објасни Мара, додавајќи дека принципот на подготовка е ист како и кај стандардните буреци, само се разликува со полнењето.



Во оваа пекара сè се работи рачно, а Мара тврди дека вкусот на слаткиот бурек е сличен на палачинките.

- Има денови кога не постигнуваме да испечеме се. Луѓето доаѓаат и купуваат за себе, за колегите, пријателите. Децата доаѓаат и се однесуваат како да станува збор за светско чудо, прашуваат дали можат само да го видат како изгледа. Во просек се продаваат околу десет тепсии на ден, но некогаш и повеќе од 15, вели задоволно Мара.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби