Хрватски готвач прави чуда од остатоците на храна

Сплитскиот готвач Хрвоје Зиројевиќ ги претвора остатоците од риба и морски плодови во брашно, чипс и желе со кои го освојува пребирливиот вкус на многу светски ѕвезди од калибарот на Бијонсе и Џеј Зи, како и на принцовите од Јордан и Саудиска Арабија.

Она што на другите готвачи им изгледа како непотребен остаток, во рацете на Хрвоје се претвора во гастрономско чудо во кое се содржат најразлични медитерански вкусови и мириси.

Па, така од обвивката на шкампите прави сос за тестенини, коските од риба ги претвора во чипс кој одлично оди со пиво, додека од морските алги создава морско желе. Мешункастите растенија како грашокот и гравот ги дехидрира во печка со цел да направи „пепел“ што потоа го користи како додаток за рижото, тестенини и салати.

-Мојата филозофија е да се искористат што повеќе квалитетни свежи намирници, а воедно и делови кои луѓето ги фрлаат. Така со главата на рибата можете да го ароматизирате маслиновото масло, а од коските може да направите чипс. Овој пристап кон намирниците не е воопшто финансиски занемарлив, вели Зиројевиќ.

Неговите јадења се резултат на древни далматински рецепти и сезонски свежи намирници, па не ретко ја користи морската вода за готвење на рибата како што на времето правеле старите рибари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби