Сите знаеме да спржиме јајце на око, но на ретко кој од нас му текнува дека може да искористи различни видови на зачини како кари, црвена пиперка, оригано или нешто друго за да создаде уникатно пржено јајце.
Сè што ви треба е солидна количина од маслиново масло и омилениот зачин. Најпрвин запржете го зачинот, за потоа да го скршите јајцето и со помош на лажица да префрлате од зачинетото масло врз него.
За неколку минути имате вкусно јајце на око со интензивен вкус.