Тарт со праски

Сезоната на праските официјално започна и иако тие се вкусни да се јадат незготвени, уште повкусни се ако ги употребуваме при приготвување на десерти.

Како предлог за супер десерт ви го претставуваме тартот со праски. Покрај состојките за приготвување, за самиот десерт ќе ви биде потребен и калап за тарт. Овој десерт е навистина фантастичен и вреди за патот до најблиската продавница да го купите калапот (ако го немате).



Исто така ако не сте фан на лушпата од праските, можете да ги излупите, но ако сакате да ги оставите праските со лушпи, слободно оставете ги праските како што се, само добро измијте ги. Од овој десерт ќе добиете 8 парчиња тарт, но најпрво....

Состојки:

  • 4-5 мали праски
  • 200 грама брашно (плус 2 лажици)
  • ¾ лажичка сол
  • 100 грама шеќер (плус 1 лажица)
  • 118 мл. зејтин
  • 2 лажици млеко
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 2 лажици ладен несолен путер

Најпрво загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови и исечете ги праските на кришки од околу 2 сантиметри.

Начин на подготовка:



Во поголем сад измешајте ги брашното, солта и една лажица шеќер. Во помал сад ставете го зејтинот, екстрактот од ванила и млекото, а подоцна додадете ги во садот со брашното. Со кратко мешање ќе добиете тесто налик на влажен песок, а потоа ова тесто префлете го во калапот за тарт. Со рацете притиснете добро, додека не добиете тесто во форма на тарт и ставете го во фрижидер да се стврдне околу 1 час. Со останатите лажици брашно, шеќер и путер направете рофито тесто.

Откако тартот ќе стврдне наредете ги кришките праски во круг врз тестото, а врз нив ставете од рофитото тесто кое го подготивте со останатите лажици брашно, шеќер и путер.

Печете го тартот на 200 степени Целзиусови околу 35-45 минути. Сервирајте топло.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби