Причини кои ќе ве убедат да консумирате секојдневно семки од тиква

Семките од тиква се полни со богати хранливи состојки, а ако ги консумирате секојдневно ќе ви се зголеми нивото на здрави масти, магнезиум и цинк.

Исто така го подобруваат здравјето на срцето, простатата и штитат од одредени видови на рак. Кои се останатите придобивки кои ги добиваме благодарение на овие семки?



Околу 30гр излупени семки од тиква содржат:

  • Влакна: 1.7гр
  • Јаглехидрати: 5гр
  • Протеини: 7гр
  • Масти: 13гр (6 од кои се омега)
  • К витамин: 18% од дневната потребна количина
  • Фосфор: 33% од дневната потребна количина
  • Манган: 42% од дневната потребна количина
  • Магнезиум: 37% од дневната потребна количина
  • Железо: 23% од дневната потребна количина
  • Цинк: 14% од дневната потребна количина
  • Бакар: 19% од дневната потребна количина

Исто така содржат и многу антиоксиданси и доволна количина на полинезаситени масни киселини, калиум, витамин В2 и фолна киселина.

Го намалуваат ризикот од одредени видови  рак

Исхраната во која се вметнати семките од тиква  го намалува ризикот од рак на дојките, белите дробови, простатата и дебелото црево. Со нивна консумација се покажало дека значително се намалува ризикот при рак на дојка кај жените кои минуваат низ менопауза. Исто така, едни истражувања покажале дека семките од тиква имаат потенцијал да го забават растењето на клетките на ракот во простатата.

Го подобрува здравјето на простата и мочниот меур



Едно истражување спроведено врз 1400 мажи кои што цела година консумирале семки од тиква, покажало дека им се намалиле симптомите од бенигна хиперплазија на простатата.

Исто така направени се и студии кои покажале дека земањето на доволна количина на семки од тиква може да ги намали симптомите на поактивен мочен меур. Се докажало дека земањето 10гр на семки од тиква дневно ја подобрува работата на уринарниот тракт.

Го подобруваат здравјето на срцето

Истражувањата спроведени врз животни покажале дека маслото од семки од тиква го намалува високиот крвен притисок и високото ниво на холестерол. Исто така едно истражување спроведено врз жени кои го поминале постменструалниот период, покажува дека маслото од семки од тиква може да го намали високиот крвен притисок за 7%, а да го зголеми добриот холестерол за 16%, за период од 12 недели!

Го подобрува квалитетот на спермата

Како што можевте да видите погоре, семките од тиква се богати со цинк и актиоксиданси кои може во целост да ја подобрат спермата и да придонесат за здраво ниво на тестостерон.

Го подобруваат спиењето

Ако имате проблеми при спиење, тогаш добро е да консумирате семки од тиква пред спиење. Тие се природен извор на триптофан, амино киселина која може да го подобри спиењето. Студиите покажале дека само со 1гр од овој вид на киселина веднаш ќе почувствувате подобрување.

Освен овие здрави придобивки, семките од тикви може да ви ја подобрат енергијата, расположението и имунитетот. Затоа, побрзајте и купете семки кои ќе ги консумирате секојдневно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби