6 факти кои не сте ги знаеле за малините

Токму летниот период е времето на малините и капините, кои може да ги најдеме на планинските предели. Уживаме да јадеме малини поради тоа што се многу вкусни, но всушност тие се и многу здрави. Следен пат пред да се мислите помеѓу ова и некое друго овошје, изберете ги малините. Зошто?



Богати се со антиоксиданси

Малината е многу богата со антиоксиданси кои делуваат против воспалително, го спречуваат делувањето на штетните микроби и оштетувањето на клетките во телото. Меѓу нив спаѓаат антоцијанин (поради кој имаат црвена боја), ресвератрол (го забавува стареењето), птеростилбен (важен е за мозочната функција) и елагитанин, кој го намалува ризикот од рак.

Содржат витамин С

Покрај антиоксидансите, малините се богати со витамин С – 100 гр плодови малини содржат дури 44% од препорачаната количина на витамин С која треба да ја внесуваме дневно. Малините содржат и витамин В, витамин Е и К. Добар извор е на калиум, а ги содржи и речиси сите минерали, како што се магнезиум, манган, бакар.

Ги чисти крвните садови

Освен што се нискокалорични (100гр свежи малини имаат околу 53 калории) богати се со влакна – одлична комбинација за добро варење на храната и за поздраво срце. Имено, влакната се основни при правилно функционирање на цревата и прочистување на крвните садови.



Добри се за слабеење

Малините содржат кетон кој поволно делува на нивото на шеќерот во крвта и го поттикнува метаболизмот за согорување на мастите, со што се спречува нивно задржување во организмот. Дури и некои средства за слабеење содржат кетон од малина.

За здрава кожа и коса

За поубава кожа и коса се препорачува барем еден оброк малини дневно. Екстрактите од малина често се користат во козметиката за хидратација.

Чај за настинки

Од листовите од малина се приготвува лековит чај (1 лажичка суви листови од малина се преливаат со 2.5дцл врела вода), кој од многу одамна се користи и при менструални болки, бидејќи поволно делува на здравјето на матката. Чајот се препорачува и за настинка, воспаление на грлото, кашлица, покачена температура, воспаление на цревата, дијареја, хемороиди и кожни болести.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби