Летна салата со киноа, фета и краставица

Салатите се навистина одличен начин да го одбележите летото, а јадењето на истите ќе направи да бидете најадени со здрави состојки и малку калории.

Салатата со киноа и фета е можеби една од највкусните и најздравите кои ќе ги направите (и пробате) ова лето. Лесно се приготвува и е одличен додаток за вашиот ручек.



Состојки:

  • 350 грама киноа (зготвена и оладена)
  • 1 поголема краставица исечена на коцки
  • ½ црвен кромид
  • 60 грама фета сирење издробено
  • Неколку гранчиња босилек исечени на тенки парчиња



За италијански сос:

  • 3 лажици маслиново масло
  • 2 лажици балзамичен оцет
  • 1 лажица сок од лимон
  • Сол и црн пипер по желба



Подготовка:

Згответе ја киноата според упатството, а потоа и оладете ја на собна температура. Исечкајте ги краставицата и кромидот на коцки, а потоа и босилекот. Во поголем сад додадете ја киноата, а потоа краставицата, кромидот, босилекот и издробеното фета сирење и сите состојки заедно добро измешајте ги. Во помал сад направете го сосот и употребето го како прелив за салатата.

Сервирајте ја добро оладена во фрижидер.

 





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби