Dave’s Kitchen: Тарт со јаболка

По рецептот за овошниот коктел и капрезе салатата кои ги објавивме минатата недела, следува и рецептот за тартот со јаболка.

Потребни состојки

За тестото:

  • 150 гр. брашно
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 125 гр. ладен путер
  • 2 лажици студена вода

За филот:

  • 3 јаболка ичистени излупени и исецкани на коцки
  • 2 лажици шеќер
  • 100мл вода
  • 1 лажичка цимет
  • кора од 1 лимон

За декорацијата:

  • 3 јаболки исечкани на тенки листови

Начин на подготовка:

Соединете ги сите состојки и замесете убаво тесто. Завиткајте го во хартија за свежа храна и оставете го во ладилник да одмори околу 30 минути.

За филот, ставете ги сите состојки на оган и гответе додека течноста комплетно не испари. Оставете комплетно да се олади.

Тестото расукајте го и ставете го во тавче за тарт или во било какво округло тавче. Врз тестото ставете го филот и измазнете го со помош на шпатула.

Одозгора редете ситно исечкани листови од јаболка така што ќе започнете од крајот на тавчето и во круг ќе ги редите се додека не дојдете до центарот на тартот, формирајќи роза.

Печете на 200 степени околу 15 минути, а потоа намалете на 170 уште околу 20-тина минути.

Кога ќе биде испечен, тартот премачкајте го со џем од кајсии.

Добар апетит!

Повеќе рецепти од кујната на Давор пронајдете на неговата FB страна Dave’s Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби