Старински рецепт за најубава проја со спанаќ

За сите љубители на пројата следи еден стар рецепт што е мошне едноставен за правење.

Потребни состојки за смесата:

  • 600гр пченкарно брашно
  • 1 прашок за печиво
  • Минерална вода по потреба (околу 2 чаши)
  • Малку сол
  • 1 чашка ракија масло

Состојки за филот:

  • 1 кг спанаќ
  • 4 јајца
  • 500гр масно сирење
  • Чашка масло

Состојки за прелив:

  • 2 јајца
  • 2 лажици павлака
  • 2 лажици кисело млеко

Начин на подготовка:

Од наведените состојки замесете тесто и поделете го на 2 дела. Тестото треба да биде како за проја, односно ни премногу густо, ни премногу ретко. Во претходно намрсена правоаголна тава ставете половина од смесата.

Потоа пригответе го филот. Исчистениот и измиен спанаќ исечете го на ситни парчиња, па во него додадете ги јајцата и сирењето. Кога ќе добиете компактна маса, истурете ја врз првата половина од тестото и убаво измазнете ја. Потоа истурете ја чашката масло по целата површина.

Другиот дел од смесата со тесто што сте го оставиле на страна, разредете го со малку вода за полесно да го разлеете по филот.

Вака приготвената проја ставете ја да се пече во претходно загреана рерна на температура од 200 степени. Така печете 15-тина минути, за потоа да ја намалите температурата на 180 степени и да печете уште од прилика половина час. Кога пројата ќе добие убава златно-жолта боја извадете ја од рерната и врз неа ставете го преливот од наведените состојки кои претходно сте ги споиле во една целина. Вратете ја пројата во рерната да се допече и да фати убава кора.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Едно утро се шета Милошевиќ низ затворскиот двор во Хаг, А сонцето му вели:
- Добро утро хероју српски, миротворецу најголем, ослободителу наш... (овој се дуе ли се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
1421.- Повеќе од 100.000 луѓе се удавија кога...
1492.- Кралската двојка на Шпанија (тогашна...
1790.- Во Филаделфија умре Бенџамин Франклин,...
1894.- Роден е рускиот државник Никита Сергеевич...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби