Диетата на еден олимписки пливач

Рајан Лохти оваа недела ќе биде дел од 4-та летна олимпијада во неговата професионална спортска кариера. Американскиот пливач се квалификува за натпреварување во 2 дисциплини: 200 метри индивидуално мешано и 800 метри слободен стил, а оваа недела останува да видиме дали ќе успее да донесе нови медали за селекцијата на САД.



Но, дали знаете која е неговата диета? Да, таа не е екстремна како 12.000 –те калории кои неговиот колега Мајкл Фелпс ги внесува на дневна база, но таа е исто така богата со калории.

Лохти според изјавите кои ги даде за медиумите внесува од 7000 до 8000 калории дневно распоредени низ повеќе оброци.

Наутро за појадок јаде 6 јајца со спанаќ и сирење, домати и шунка, а потоа компири подготвени на различен начин, овесна каша, палачинки, овошје а на крајот од појадокот  пие кафе со млеко и многу шеќер.



На една недела пред било какво натпреварување јаде екстремно многу јагленхидрати како тестенини и леб. Фетучини Алфредо се омилените тестенини на Лохти, но исто така на менито се и многу јадења со протеини како пилешко и стекови кои му ги подготвува приватен готвач. Бидејќи како што призна и самиот пливач, тој не знае да готви.



Два или три часа пред трка  јаде исто така голем оброк и ќе испие апче со кофеин наместо енергетски пијалак, а сакајќи да остане во чекор со трендовите  јаде и доста храна приготвена со тофу, зеленчук и авокадо.

Петок е ден за „мамење“ и тогаш си дозволува „брза храна“. Рајан во петоците јаде многу хамбургери, пица, сладолед, пржени компири, пржено пилешко и пие газирани пијалаци кога си дозволува и една чаша црвено вино.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби