Dave’s Kitchen: Домашни варени ѓевречиња

Денеска имаме уште еден превкусен рецепт од кујната на Давор. Станува збор за домашни варени ѓервречиња кои се одлични за појадок, но и за ужина во текот на денот. Во прилог следи детално упатство за тоа како да ги приготвите.

Потребни состојки:

  • 600 мл. вода
  • 1 лажичка сув квасец
  • 270 гр. брашно

Сите овие состојки ставете ги во длабок сад и измешајте ги со помош на виљушка. Оставете да стаса околу 5-10 минути додека не ги подготвите другите состојки.

Во смесата додадете:

  • 1 лажичка сув квасец
  • 2-3 лажички мед
  • Прстофат сол
  • 300 гр брашно

Со помош на електричен миксер со маталки за тесто матете ја смесата додека сите состојки не се соединат. По потреба додадете брашно за тестото да не лепи, но внимавајте да не го направите премногу тврдо.

Оставете го тестото да стаса околу 1 час на собна температура додека не го зголеми волуменот двојно. Ставете го тестото на работната површина и поделете го на 12 еднакви делови.

Секој од деловите развлечете го во црево долго околу 15-тина см потоа спојте ги кравите така што во средината ќе се направи дупка. Ставете ги вака подготвените ѓевречиња во тавче обложено со хартија. Покријте ги со кујнска крпа и подгответе ги состојките за варење.

Во тенџере на оган ставете 2.5л. вода и кога ќе зоврие додадете 3 лажички мед. Варете ги ѓевречињата едно по едно, околу 1 минута од двете страни.  Вратете ги на хартија за печење, премачкајте ги со белка и нанесете сусам, афионово семе или пак сусам, афионово семе и оригано сите измешани заедно.

Печете околу 25 минути на 220 степени.

Повеќе рецепти од кујната на Давор пронајдете на неговата FB страна, Dave’s Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби