Торта од зеленчук што ќе ве освежи во летните месеци

Кога времето е топло, а температурите се над 30 степени, не сакаме да консумираме премногу месни производи, токму затоа што многу потешко се варат во нашиот организам. Поради тоа, ви предлагаме да подготвите торта од зеленчук, која ќе ви стане еден од омилените летни оброци.



Потребни состојки:

  • 1 голем модар патлиџан
  • 4 средни тиквички
  • 2 домати
  • Печурки по ваша желба
  • 4 лажички ситно исечкан босилек
  • 4 лажички пармезан
  • 8 лажички ситен леб или кубети
  • 2 лажички лук
  • Маслиново масло
  • Сол и бибер

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 200°С. Запалете ја скарата или употребете ја решетката во рерна за да го испечете зеленчукот. Излупете ги модрите патлиџани и тиквичките и исечкајте ги на крукчиња. Заедно со печурките попрскајте ги со зејтин, малку сол и бибер и печете ги на скарата од двете страни додека не се вцрват.

Земете една тава и намачкајте ја со масло. Наредете еден ред од модриот патлиџан, потоа еден ред тиквички, еден ред печурки, домати, лук и босилек, а меѓу секој ред попрскувајте по малку масло, сол и бибер. Повторувајте ја постапката се додека имате зеленчук. На крај стиснете ја тортата од горе со дрвена лажица со цел да се пополни секое празно место во тавата. Додадете го пармезанот и ситните парчиња леб и попрскајте со 1 лажичка масло.

Тортата ставете ја во рерна да се пече 30 минути. Пред да ја исчете, почекајте да олади 5 минути, а пред да ја консумирате 10 минути.

Комбинирајте со бело вино. Пријатен апетит.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби