Dave’s Kitchen: Необична пита со портокал

Давор оваа недела за нас подготви невообичаена пита од портокал. Ова е вкусен, летен и најважно лесен рецепт за правење со кој ќе го соберете целото семејството на едно место.

Еве што сè ќе Ви биде потребно за да го направите:

Потребни состојки:

  • 500 гр. кори за баклава
  • 5 портокали
  • 250 гр. масло за јадење
  • 250 гр. шеќер
  • 250 гр. млеко
  • 2 пакетчиња ванила
  • 3 јајца
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1 лажичка сода бикарбона

За шербетот:

  • 700 гр. шеќер
  • 500 гр. вода

Начин на подготовка:

Од 5-те портокали земете 2 и ставете ги во тенџере со вода, на оган на ниска температура и оставете да стојат околу 1 час. Од останатите 3 портокали изрендајте ја кората и исцедете го сокот.

Потоа подгответе го шербетот. Кога водата и шеќерот ќе зовријат промешајте за да не останат зрнца од шеќерот. Оставете да врие околу 5 минути и тргнете го на страна. Во шербетот додадете го сокот од 3-те портокали и оставете комплетно да се излади.

На работната површина извадете ги корите од баклава и одделете ги така што секоја кора нема да се допира една со друга. Оставете ги да се исушат на собна температура околу 1 час или час и половина. Кога ќе почнат да се ронат комплетно тогаш се спремни за следната постапка.

Во блендер ставете ја кората од портокал, двата портокали (со се целата кора, но исцедени од сокот), додадете го маслото и шеќерот. Изблендирајте додека не се соединат сите состојки заедно. Потоа додадете го млекото, ванилата и јајцата. Повторно блендирајте околу 2 минути додека не се соединат сите состојки. На крајот додадете го пецивото и содата.

Корите искршете ги така што ќе се создадат мали парчиња. Додадете ги во смесата со влажните состојки и убаво промешајте. Претурете ја смесата во тавче за печење кое претходно ќе го премачкате со путер и ќе го посипете со брашно.

Печете околу 35-40 минути на 160 степени или додека не добие убава темна боја. За тоа време сирупот ќе биде веќе изладен. Штом се испече питата посипете ја додека е врела со ладниот шербет. Оставете да го впие шербетот околу 1-2 часа и уживајте во прекрасниот вкус на портокал заедно со Вашите најмили.

Можете да декорирате со топка сладолед или пак со слатко од портокал и гранче свежо нане.

Повеќе рецепти од кујната на Давор пронајдете на неговата FB страна, Dave’s Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби