Грешки при готвењето кои ве дебелеат

Вежбањето и одржувањето на здрава и балансирана исхрана се важни фактори за одржување на здравиот животен стил дури и во добата на стрес и брз начин на живот.



Кои се грешките кои ги правиме при готвењето кои придонесуваат за дебелеење и покрај тоа што вежбаме и се трудиме да се храниме здраво?

„Замката“ на добрите масти



Студиите покажаа дека производите кои се рекламираат како low fat (со низок процент на масти) воопшто не се здрави, бидејќи најчесто производителите компензираат со додавање на адитиви и шеќери во самите производи. А исто така кога дел од состојките ги заменуваме со тие кои содржат „здрави“ масти како авокадо, забораваме на нивната калорична вредност. Авокадото со средна големина можеби има поздрави масти, но тоа воедно има 350 калории.

Не ги мерите состојките



Дали кога готвите користите скала за мерење или други видови на мензури или сами ги додавате состојките „од око“? Ако го правите второто, престанете бидејќи не сте свесни колку дополнителни калори, шеќери и масти додавате во исхраната. Само 1 лажица маслиново масло содржи 120 калории.

Јадете додека готвите



Дали додека ги сечкате производите или го подготвувате јадењето пробувате од истото? Престанете затоа што таа маана ви го уништува здравјето и вашата фигура. Секоја коцка сирење која ќе ја пробате додава 170 калории, па наместо тоа сирење да оди во јадењето кое го подготвувате тоа оди во „колковите“.

Вие сте „роб на рецептот“



Рецептот кој го правите во кујната слепо го следите со секој грам и состојка, но не треба тоа да го правите. Ако можете да замените некоја состојка со слична, а поздрава варијанта слободно направете го тоа. Свинското месо заменете го со пилешко или мисиркино, а наместо со путер пробајте да готвите со зејтин или маргарин.

Не ги складирате остатоците

Ако не сте го изеле целосно јадењето, не ги оставајте остатоците нескладирани и непокриени во фрижидерот. Купете пластични специјални кутии за складирање на храна кои ќе бидат погодни и да ги вметнете во микробранова печка. Ако го отворите фрижидерот и не го гледате веднаш јадењето кое останало од ручекот, помали се шансите да бидете во искушение да го јадете кога не чувствувате глад.

Внимавајте на порциите

Големината на порциите е екстремно важна при одржувањето на здравиот начин на живот, а важна е и распределбата на храната во самата чинија. Јагленхидратите треба да бидат најмалку на чинијата, а најмногу треба да внесувате протеини и витамини преку здраво месо и зеленчук.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби