Направете го највкусниот ајвар од кој секој ќе сака тегла

Што е зимницата без вкусен ајвар?

Незамисливо е да направите туршија, кисели краставички, пиперки, модар патлиџан и што ли уште не, а да не направите ајвар. Многумина го прават во домашна атмосфера, а за негова подготовка е ангажирано целото семејство, од најмалите до најстарите.

Секоја домаќинка ајварот го подготвува на различен начин. Без разлика како сте го правеле до сега и дали ќе го правите по истиот рецепт и оваа година, ви предлагаме рецепт што ќе му даде малку поразличен шмек на ајварот. Само внимавајте, можеби секој кој ќе го проба, ќе посака по една тегла од вашиот ајвар, па направете поголема доза.



Потребни состојки за околу 4-5кг ајвар:

  • 10кг црвени пиперки
  • 3кг домати
  • 2-4 лути феферонки (по избор)
  • 2-3 лажици алкохолен оцет
  • 1-2 главици лук
  • 1л + 2дцл сончогледово масло
  • Сол по вкус – отприлика 5 лажици, но не претерувајте, туку постепено додавајте сол

Начин на подготовка:

Измијте ги пиперките и избришете ја водата од нив. Печете ги на печка на 225°С (на решетка или голем лим) или пак на скара, додека лушпата не порумени и не почне да се одделува. Извадете ги пиперките и покријте ги со чиста крпа со цел полесно да се излупат. Оставете ги покриени околу половина час, додека не оладат. Излупете ги и исчистете ги семките и дршката.

Во меѓувреме почнете да ги печете доматите и феферонките на иста температура како и пиперките. Во зависност од големината, отприлика се печат околу 30-40 минути. Кога ќе се оладат, излупете ги, па заедно со пиперките и лукот сомелете ги во машина за мелење месо или во блендер.

Во голем сад загрејте 1л масло, па додадете ја смесата од пиперки и домати. Гответе 2-3 часа на умерена температура со постојано мешање, додека ајварот не ја добие посакуваната густина. Пред крајот додадете зачини по желба.

Најдобро е ајварот да се складира во стаклени тегли. Претходно измијте ги и исушете ги, а потоа стерилизирајте на 100°С во рерна околу 15-20 минути. Потоа наполнете ги со топлиот ајвар, а на врвот оставете простор од околу 1см.

Во посебен сад загрејте го и останатото масло, 2дцл, па секоја стаклена тегла прелијте ја со врел ајвар, за да нема воздух во неа. Затворете ги теглите, па замотајте ги во чаршаф и оставете ги да постојат за да се оладат. По 24 часа складирајте ги на ладно и темно место.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби