5 причини зошто е здраво да се јадат смокви

Сега е времето на смоквите, кои се благи и превкусни за јадење. Кај нас се одгледуваат со векови, а многумина  освен што ги консумираат свежи, од нив прават слатко, мармалад и ги сушат со цел да ги јадат во текот на целата година.

Зошто е толку здраво да се јадат смокви?



Го намалуваат крвниот притисок

Смоквите се одличен извор на калиум кој помага при намалување и регулација на крвниот притисок. Овој минерал е слабо достапен во храната, а истовремено и неопходен во денешно време кога голем број на луѓе патат поради неговото намалување поради зголемена консумација на сол.

Помагаат при слабеење

Ова сочно овошје е добар извор на прехранбени влакна, кои го подобруваат варењето на храната и ве прават сити подолго време, па така помагаат и при слабеење. Во 100гр свежи смокви има само 74 калории.



Клуч за добро расположение

Смоквите содржат значајно количество на витамин Б, кој на телото му дава енергија, осигурува еластичност на кожата и јачина на мускулите. Исто така влијае и врз работата на мозокот и го подобрува расположението.

Го намалуваат нивото на шеќер во крвта

Не треба да избегнувате да ги јадете и лушпите на смоквите. Тие имаат анти-дијабетички карактеристики, односно го намалуваат нивото на шеќер во крвта. Некои студии покажале дека се од голема помош при регулација на шеќерот кај личности кои патат од дијабетес тип 1.



Помага при брадавици

Во народната медицина, смоквите се сметаат за лек при проблеми со израстоци на кожата како што се брадавиците. Доволно е половина свежа смоква да ја ставите на проблематичното место на кожата и така да преспиете. Кога ќе станете измијте го местото со жешка вода. Потоа полесно ќе може да ја отстраните брадавицата. Во потешки случаи, повторете ја постапката и до 5 пати.

Совет плус: Свежите смокви брзо се расипуваат, па треба да ги јадете веднаш по купувањето. Во фрижидер може да издржат и до 3 дена, па најдобро е да ги избирате оние со сјајна и мазна лушпа без оштетувања.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби