За подолг живот избегнувајте протеини од животинско потекло

Сите знаеме дека здравата исхрана е клучна за нашиот живот. Ако се храниме здраво, ќе имаме подобар живот и ќе живееме подолго. Консумирањето на леќа, јаткасти плодови и други протеини од билно потекло, наместо месо, значително може да ги зголеми шансите за да живеете подолго.



Научниците од медицинскиот факултет во Харвард направиле истражување врз 13 илјади личности во времетраење од 36 години. Го набљудувале начинот на исхраната, животниот стил, склоноста на болести и смртноста. Откриле дека консумирањето на големи количини протеини од животинско потекло се поврзува со високата стапка на смртност, за разлика од протеините внесени од растително потекло.

Истражувањето исто така покажало дека вметнувањето на 10% месо во исхраната, ја зголемува стапката за смрт до 2%, а до 8% за развивање на болести на срцето и крвниот систем. Поради тоа се советува 15 до 19 грама месо, отприлика еден колбас или неколку парчиња сланина, да се заменат со житарици, јаткасти или мешункасти плодови. Со тој еден чекор, може значително да се намали ризикот од привремена смрт.



- Додека поранешните студии се фокусирале на вкупното внесување на протеини, што е исто така важно, изборот на поединечна храна која луѓето ја консумираат со цел да внесуваат протеини е исто така важен. Нашите откритија имаат јавни здравствени импликации и може да помогнат да се изменат моменталните упатства за исхрана, кога се работи за внесување на протеини, изјавил д-р Мингјанг Сонг, главниот автор на истражувањето.

Истражувачите исто така констатирале дека поврзаноста помеѓу протеините и смртноста варира со оглед на животниот стил на поединецот, односно пушењето, значителното внесување на алкохол и дебелината.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби