Млечни производи без млеко добиено од животни

Истражувачите од компанијата Perfect Day (поранешна Muufri) се блиску до претставување на пазарот на првиот млечен продукт создаден во лабораторија, кој ќе има изглед и вкус идентичен со вистинското млеко, но во неговото производство воопшто нема да бидат вклучени животните.

За разлика од сегашните замени за млеко кои се базирани на соја, бадеми или ориз, овој нов продукт ќе биде направен од млечни протеини. Но, наместо да доаѓаат од крави, тие ќе бидат произведени од квасец, правејќи го млекото веганско и без лактоза.



Овој нов продукт постојано се усовршува уште од 2014-та, а компанијата се надева дека веќе наредната година на пазарот ќе претстави нова линија на сирења, јогурти и млека.

За негово производство, тимот истражувачи креирале генетски модифициран вид на квасец кој може шеќерот да го претвора во млечен протеин познат како казеин, преку процес кој е сличен како оној за домашно производство на пиво, кој меѓу другото се користи и за производство на работи како инсулин или биогорива.

Потоа, вака произведените млечни протеини се додаваат на микс од масла и шеќери од билки (значи без холестерол и лактоза), на што се додаваат и разни минерали и витамини кои вообичаено се наоѓаат во млекото од крава.

Цената на овие производи се очекува да биде скоро идентична како и на оние произведени од вистинско, кравјо млеко.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби