САЈТ ЗА ВИНО

Заборавете ја Франција – пијте вино во Македонија

Виното е можеби еден од најраспространетите алкохолни пијалаци во светот, кои најчесто се консумираат. Најпозната европска земја за производство на вино е Франција. Кој и да ја посети оваа земја веднаш посегнува по најквалитетните вина. Но, сајтот за вино vinepair, реши да сподели со своите читатели уште неколку земји кои произведуваат исто така добро вино, освен Франција. На оваа листа се најде и Македонија!

Англија



Англија е земја каде што се продуцира квалитетно вино со над 450 винови лози во јужниот дел од земјата. Климата е таква што овозможува производство на Chardonnay, Pinot Noir и Pinot Meunier, а додека 2/3 од англиските вина се пенливи и слични на шампањско.

Мароко



Иако повеќето не очекуваат квалитетно вино да потекнува од Северна Африка, факт е дека цели 12км вода ја оддалечуваат Шпанија од овој дел на Африка. Мароко има најголем потенцијал за квалитетно производство на вино со оглед на високите планини и ладната клима од Атлантикот. Окупирано од Французите во минатото, Мароко има долга историја со вино. Најчесто се произведуваат црвени вина како што се Carignan, Cinsault и Grenache, но исто така и интернационално познатите Syrah, Cabernet и Sauvignon Merlot, додека од белите сорти се произведуваат Chenin Blanc, Muscat, Clairette, Sauvignon Blanc и Chardonnay.

Либан



Не само што овде има и најквалитетни вина, туку и некои од вината произведени во Средниот исток се едни од најскапите вина во светот. Во последните години, токму производството на вино мошне се разви во Либан, а денес овде се бројат околу 35 винарии. Ги подготвуваат најпознатите вина, но и две многу познати сортни вина за овој регион, Merweh и Obeideh.

Македонија



Македонија, која не е веќе дел од Југославија, се уште се труди да се издигне како земја во која се произведува вино, откако стана независна во 1991 година. Поради новите инвестиции во оваа земја, Македонија зема голем замав и продажбата на вино почна на широко да се распространува. Благодарение на сонцето, медитеранската и континенталната клима, како и карпестата почва, многу фамилии произведуваат вино во домашни услови. Најпознат регион кој изработува вино е Повардарскиот, кој се наоѓа во централна Македонија. Најпознато вино е Вранец, кој има силен вкус и јака боја. Потенцијалот на грозјето овде е голем, па Македонците се трудат да направат вина кои ќе бидат интернационално познати.

Мексико



Благодарение на Пацификот, овде има ладна клима навечер која им овозможува на тамошните жители да одгледуваат грозје од сортата на Bordeaux Rhone, Tempranillo, Nebbiolo, Zinfandel и Chardonnay. Модерната индустрија за производство на вино се уште е нова, но ентузијастичните производители имаат огромен потенцијал за светла иднина.

Бразил



Бразил е третиот најголем производител на вино во Америка. Сепак, поголемиот дел од Бразил нема соодветни климатски услови за одгледување на винови лози, бидејќи климата е тропска. Но, од 1990-те години, квалитетот на виното се подобрува и жителите почесто го произведуваат за домашна употреба. Бразил нема некое познато вино, но произведува различни сорти, како што се Merlot, Pinot Noir, Sauvignon Blanc, Syrah, Gamay, Tempranillo и Touriga Nacional.

Уругвај



Се работи за мала крајбрежна земја, која има околу 300 винарии, од кои 40 произведуваат квалитетни вина за извоз. Повеќето вински региони се сместени во јужниот дел од земјата, каде што климата е релативно поладна. Виното кое потекнува од оваа земја се нарекува Tannat, кое е темно вино што може да биде остро на првата голтка. Исто така овде се произведуваат и вина од сортите на Sauvignon Blanc, Chardonnay и Viognier.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби