Путер или маргарин: Што да изберете и во колкава количина?

Путерот и маргаринот по облик и конзистенција се многу слични, но процесот на нивното производство е многу различен.  Путерот се добива од млеко и се користи од многу одамна, додека пак маргаринот се произведува индустриски и тоа од минатиот век во Франција, со цел да се создаде поевтина верзија на путерот за пониските класи.



- Маргаринот се добива од билни масла преку постапка на зацврстување на билни масла и масти, додека пак путерот е прехранбен производ од животинско потекло, објаснува Дана Мрвиќ, нутриционистка од Хрватска.

Нутритивни својства

Мрвиќ објаснува дека путерот има големи количини на заситени масти, а може да се најдат и помали количини на млечни нутритиенти, како што се белковините, витамините и тоа A, D, E и K и минерали како што е калциумот. Во путерот се наоѓа и омега 6, омега 3 масни киселини.

Маргаринот исто така е масна намирница, која освен заситени масти содржи и незаситени масни киселини. Некогаш маргаринот содржел високо количество на транс масни киселини, а денес тој процент е намален. Најчесто тврдите маргарини содржат повеќе транс масни киселини од помеките, во кои доминираат полинезаситените масни киселини.



Дали да консумирате маргарин или путер?

- Генерално правило е дека најдобра опција е онаа природната. Истото важи и за путерот, особено оној добиен од млеко добиено од животни, кое изобилува со омега 6 и омега 3 масни киселини, витамини, минерали и лецитин. Овие компоненти може да го неутрализираат потенцијално штетното влијание на заситените масти, советува Мрвиќ.

Со ова истакнува дека на дневна база не треба да се консумира повеќе од една или две лажици путер, а и таа бројка зависи од тоа колку други масти од животинско потекло сте консумирале.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби