ЗА ПОЈАК ИМУНИТЕТ

Што сè мора да се најде на масата оваа есен?

Со падот на температурите, почнуваме да размислуваме за продуктите кои би можеле да ни помогнат во зајакнување на имунитетот и да нè одбранат од болести.

На есен грипот и настинката секогаш земаат замав, но со силен имунитет не треба да се плашиме од нив. Затоа постојат бројни есенски намирници кои ќе ни помогнат во тоа.

Јаболка



Слатки или кисели, јаболката се рајски плодови кои се добредојдени во секое мени. Можете да ги јадете наутро, навечер и во текот на целиот ден и тоа сирови, во течна состојба, пасирани, печени, мелени и во секаква можна состојба. Освен што се јадат на различни начини, јаболката имаат и многубројни здравствени придобивки.

Она што е важно е да ги измиете убаво и да ги јадете со лушпата, затоа што токму таму има најмногу флавоноиди кои се корисни за здравјето на срцето. Освен што ги штитат нашите заби од кариес и од забен камен, внимаваат на нашата телесна тежина и го спречуваат запушувањето на крвните садови. Докторите советуваат дека јаболката може да спречат рак на дојки, бели дробови, простата, панкреас и слични видови на рак кој се појавува во дигестивниот тракт.

Карфиол



Ова е многу здрава билка со специфичен вкус, кој или го сакате или не. Нема ни грам масти, има многу малку јаглехидрати и калории, а содржи фитонутритиенти. Одлична и многу поздрава варијанта како замена за компир.

Тиква



Со доаѓањето на ладните денови, тиквите се морални на секоја трпеза, без разлика дали се во облик на супа, печени како прилог со главното јадење или како сладок десерт.

Содржат антиоксиданси и бетакаротен, кои им даваат специфична портокалова боја и се богати со витамин С и Е. Лековитите состојки може да помогнат при намалување на ризикот од рак, срцеви болести, катаракта, мозочен удар, а одлично се покажала и кај хемороидите и доколку имате проблеми со олеснување. Исто така помага и при смирување на нервите со што ви овозможува подобар сон. Добрата вест е и тоа дека во 100гр тиква има само 32 калории!

Прокељ



Прокељот спаѓа во популарните зелени зеленчуци поради својата неодолива мала појава. Имаат освежувачка комбинација од горчлив и благ вкус, па соединувајте ги со јадења кое има јак вкус или со прелив од балсамико. Полни се со бетакаротен, витамин С и К, калциум, фосфор и калиум кој го спречува штетниот холестерол. Ако сакате да ги задржите хранливите вредности, гответе ги кратко, а во водата додајте малку маслиново масло и црвени пиперки.

Бидејќи се одличен извор на железо, добар избор се за трудниците.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби