Dave’s Kitchen: Tриаголници со сите вкусови на есента

Ореви, јаболка, цимет, суво грозје....

Добитна комбинација на вкусови, која верувамe дека ќе стане Вашиот хит за оваа есен.

Потребни состојки:

  • 500 гр. кори за баклава
  • 4 големи јаболка (излупени и исечкани на коцки)
  • Сок од 1 лимон
  • 100 гр. суво грозје
  • 70 гр. сечкани ореви
  • 2 лажички цимет
  • 2 лажици мед
  • 1 лажичка рум
  • 200 гр растопен путер

За премачкување

  • 1 жолчка
  • 2 лажици млеко

Глазура

  • 50 гр. шеќер во прав
  • 3 лажици вода или сок од лимон

Начин на подготовка:

Во длабок сад ставете ги јаболката, сокот од 1 лимон, сувото грозје, сечканите ореви, циметот, румот, и медот. Убаво промешајте ги така што сите вкусови да се соединат.

Корите пресечете ги вертикално за да добиете 4 ленти.

Земете две кори и премачкајте ги со растопен путер,на крајот ставете од филот и виткајте ги во триаголници. Премачкајте со една жолчка и две лажици млеко измешани заедно и печете на 180 степени околу 20-тина минути.

За белата глазура промешајте ги сокот од лимон и шеќерот во прав заедно и прелијте одозгора врз триаголниците.

Добар апетит и забавно готвење!

Повеќе рецепти од кујната на Давор пронајдете на неговата FB страна Dave’s Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби