ВИНОВНИЦИ ЗА ПОСПАНОСТ И НАМАЛЕНА ЕНЕРГИЈА

3 намирници кои не би требало да ги јадете за ручек

Дали по ручекот често се чувствувате поспано?

Ако одговорот е да, не сте единствени. Тоа зависи од храната која ја јадете и како вашето тело реагира на одреден вид на храна.



Најдобро е да ручате околу 12 или 13 часот, бидејќи колку повеќе го одложувате оброкот толку ќе бидете погладни и ќе имате поголема желба за храна полна со шеќери и масти како што е пржената храна.

Идеалниот ручек би требало да содржи витамини, минерали, здрави масти, јаглехидрати и протеини.Затоа добар избор на ручек може да биде сендвич со пилешко месо, јајца, сирење или печено говедско месо или пак риба (скуша, лосос, сардина), супа, грав.

Но прашањето е кои три производи би требало да ги избегнуваме за ручек бидејќи предизвикуваат пад на енергијата?

Пржени компирчиња



Помфритот се пржи во многу масло и тој е јаглехидрат кој треба да го избегнуваме бидејќи го зголемува шеќерот во крвта. Ако пак одлучите да го јадете ќе доживеете пад на енергијата и ќе бидете поспани.

Кравјо млеко



Иако кравјото млеко може да биде дел од избалансираната исхрана, исто така има негативно влијание на енергијата на телото. Тешко се вари, па поголемиот дел од крвта оди во цревата додека останатиот дел од телото мора да работи со намален проток на крв.

Путер од кикирики



Кога јадете сендвич со путер од кикирики, веројатно ќе почувствувате поспаност. Виновник за тоа е аминокиселината триптофан, која се наоѓа во путерот кој е особено популарен во САД. Ова не значи дека треба да го исфрлите од исхраната напротив треба да го комбинирате со “супер“ храната која дава енергија како што се житарките, чија семето, овошјето и другите здрави производи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби