Dave’s Kitchen: Погача од тесто за кифли

Ова тесто може да го употребите за подготвување на вкусни и меки кифли, а воедно и за подготовка на погача.

Потребни состојки:

  • 270 мл млеко
  • 2 ½ лажички инстант квасец
  • 60 гр шеќер
  • 2 јајца
  • 600 гр брашнo
  • 1 лажичка сол
  • 60 мл масло за јадење
  • 1 жолчка и млеко за премачкување
  • 100 гр путер за премачкување

Начин на подготовка:

Замесете тесто од сите состојки и оставете да стаса околу 90 минути. Поделете го тестото на два дела, еден помал и еден поголем дел.

Во средина на тавчето за печење ставете го помалото парче оформено во топка. Од другото парче расукајте правоаголна кора и премачкајте ја со 100 гр путер и свиткајте ја во ролат.

Наредете ја кората околу топката во тавчето, па потоа со ножици пресечете парчиња и свиткајте ги наназад. Оставете да стаса 10 минути и премачкајте со жолчка и млеко. Печете на 180 околу 35 минути.

Повеќе рецепти од кујната на Давор пронајдете на неговата FB страна Dave’s Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби