Dave’s Kitchen: Едноставна чоколадна торта

За оваа недела Давор ни приготви супер вкусна чоколадна торта која има убава презентација токму за овој период од годината.

Потребни состојки:

  • 370 гр. брашно
  • 300 гр. шеќер
  • 1 1/2 лажица екстракт од ванила
  • 90 гр. какао
  • 2 лажички сода бикарбона
  • 200 гр. путер на собна температура (или маргарин)
  • 1 шолја млеко на собна температура
  • 3 јајца
  • 1 шолја жешко сварено инстант кафе

Начин на подготовка:

Сите состојки се ставаат заедно во еден сад и се мешаат со жица за матење. Се пече во подмачкано тавче на 160 степени околу 1 час.

За чоколадната глазура:

  • 100 гр. чоколадо
  • 100мл. млеко
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • Неколку сечкани ф'стаци
  • Неколку зрна калинка

Растопете го чоколадото, додадете го млекото и ванилата, оставете да се олади околу 1 час во ладилник и полејте низ целата торта. Декорирајте со исечкани ф'стаци и зрна од калинка.

Повеќе рецепти од кујната на Давор пронајдете на неговата FB страна Dave’s Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби