Сакате да вкусите нешто ново и поинакво од сè досега? Тогаш вулканскиот леб што се приготвува во Исланд е вистинскиот предизвик за вас.
Овој кафен леб се приготвува од 6 состојки и тоа четири чаши на 'ржано брашно, две чаши пченично брашно, две чаши шеќер, четири лажички прашок за печиво, еден литар млеко и прстофат сол.
Она што го прави овој рецепт поинаков од сите други несомнено е процесот на печење, по кој го добил и името вулкански леб. Се подготвува 24 часа и тоа на температура од 100 степени.