Што со храната која ви остана: Да ја подгреете или да ја замрзнете?

За време на празниците, приготвуваме многу јадење со цел да ја наполниме трпезата, но и да имаме веќе готови јадења за кога ќе ни се појават ненајавени гости. Сепак, секогаш правиме многу повеќе јадење од она што треба, па на крај ни останува да го јадеме истото јадење уште цела недела или пак да заврши во корпа за отпадоци.



Хрватската нутриционистка Мирела Мариќ, советува што повнимателно да и пристапувате на храната, а исто така и споделува која храна да ја подгревате и повторно да ја консумирате, а која треба да ја фрлите.

- Подгревањето на храната не се препорачува, бидејќи повеќето намирници во себе содржат состојки кои кога се подгреваат стануваат штетни, поточно токсични. Намирниците кои трпат подгревање се цели житарици, бидејќи најмалку губат на хранливи вредности, составот им останува релативно непроменет (ориз, просо, амарант, јачмен и овес), истакнува Мирела.

Друга храна која не смее да се загрева повторно, според нутриционистката е следната:

Спанаќ, цвекло, целер и репа – овие намирници во себе содржат нитрати кои при загревање преминуваат во штетни и канцерогени состојки. Спанаќот е најризичен од овие намирници и секогаш мора да го консумирате во свеж облик.

Печурки – поради своите протеини лесно се менуваат и стануваат штетни, па затоа препорачливо е да се загреваат само до 70°С.



Компир – ги губи своите хранливи состојки, а најновите истражувања покажуваат дека компирот е најздрав кога е варен, но изладен. Имено, кога ќе се олади компирот има пробиотско дејство.

Месо – кога протеините во месото се загреваат на висока температура, се менува нивната структура и таквата промена станува непозната за нашиот организам, а со самото тоа и токсична.

Во високо ризични намирници кои не треба да се загреваат повторно спаѓаат месото, готвената и димена риба (лосос, скуша, бакалар), сирови или термички обработени школки, млечни производи и јадења направени со млеко, сирење и јајца.

Ако не сакате да ги фрлите остатоците од храна, а знаете дека нема да ги изедете веднаш, потребно е само адекватно да ги приготвите на ладно, односно да ги складирате во садови за замрзнување со цел храната да може да се консумира и по неколку денови.



Што се однесува до колачите, оние со крем може да се чуваат најмногу 3 дена и тоа во фрижидер, а сувите колачи не треба да ги ставате во фрижидер, туку да ги чувате на суво и ладно место.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби