Dave’s Kitchen: Домашно шеќер паре

Шеќер паре направено во домашни услови. Повкусни од купечките и готови за кратко време!

Потребни состојки:

  • 350 гр. брашно
  • 50 гр. шеќер во прав
  • 150 гр. путер
  • 1 пакетче прашок за печиво
  • 70 гр. гриз
  • 3 јајца
  • 1 пакетче ванилин шеќер

Шербет:

  • 500гр. шеќер
  • 500мл. вода
  • сок од 1 лимон
  • 1 пакетче ванилин шеќер (или 1 лажичка екстракт од ванила)

Начин на подготовка:

Замесете тесто од сите овие состојки. Доколку тестото е премногу меко додадете уште малку брашно или гриз по потреба за да добиете убаво и мазно тесто.

Оставете го тестото да одмори околу 20 минути во длабок сад покриен со кујнска крпа.

Потоа поделете го тестото на мали топчиња кои ќе ги оформите со помош на раце. Редете ги во тавче премачкано со путер со оддалеченост од неколку сантиметри.

Загрејте ја рерната на 180 степени и печете ги околу 20-тина минути. Оставете ги комплетно да се изладат, а потоа посипете го врелиот шербет.

Водата и шеќерот ставете ги на оган да зовријат. Смесата оставете ја 5 минути да врие, а потоа на крај пред да го тргнете тенџерето од оган ставете го сокот од 1 лимон. Врелиот шербет посипете го врз ладното шеќер паре. Покријте со алуминиумска фолија и оставете да го впие шербетот минимум 1 час.

Повеќе рецепти од кујната на Давор пронајдете на неговата FB страна Dave’s Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби