Зошто пијанството предизвикува нагон за јадење?

Секој кој бил пијан го знае чувството на глад кога по целиот испиен алкохол единствено што би внеле во себе е парче пица или некој вид на брза (и масна) храна.

Сега, нова студија извршена врз глувци понудила можно објаснување што го предизвикува овој нагон за јадење и прејадување – алкохолот, всушност, активира одредени мозочни клетки кои го предизвикуваат чувството на глад.

Иако студијата била направена само врз глувци, многу е веројатно дека истите заклучоци можат да се донесат и за луѓето бидејќи ние имаме ист тип на неврони во мозокот како оние во глувците врз кои истражувачите биле фокусирани во студијата.

Претходни истражувања покажале дека пијаните луѓе имаат тенденција да се прејадуваат по пиењето алкохол – феномен наречен „аперитив ефект“ – но не било јасно кои биле потенцијалните биолошки причини за ова, бидејќи алкохолот има голем број на калории, а обично внесот на калории ги потиснува сигналите од мозокот поврзани со апетитот.

За потребите на новата студија, научниците го направиле експериментот наречен „алкохолен викенд“, кога на глувците им бил инјектиран алкохол три дена по ред, додека другите три дена пред и после алкохолот биле инјектирани со салин. Инаку, за целото времетраење на студијата, глувците имале пристап до иста количина на храна и вода.

Истражувачите заклучиле дека глувците јаделе значително повеќе деновите кога добивале алкохол, а прегледите на нивните мозоци покажале дека одредени мозочни клетки наречени Agrp неврони кои нормално предизвикуваат глад, биле активирани кога на глувците им бил даден алкохол, но не и кога им бил даден салин. Исто така, кога истражувачите вештачки ја инхибирале активноста на овие неврони, глувците престанале да се прејадуваат.

Заклучокот е дека алкохолот помага во одржување на таканаречениот „лажен аларм за прегладнетост“ во мозокот – со други зборови, тој ги правел глувците да се чувствуваат гладни дури и кога веќе имале внесено доволно калории од самиот алкохол.

За овие резултати исто така може да влијаел и стресот, бидејќи тие биле инјектирани со алкохол, а не го пиеле доброволно. Стресот исто така може да го промени мозокот и однесувањето, и да влијае на количината на храната што се јаде, како и да ги активира Agrp невроните.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби