Dave’s Kitchen: Брза торта со кафе

Ова е торта, која што е како создадена за сите оние ситуации, кога посакувате да приготвите нешто што е лапни - голтни.

Потребни состојки:

  • 1 кг. бисквити
  • 1 л. слатка павлака
  • 6 јајца
  • 10 лажици шеќер
  • 3-4 лажици капучино
  • 1 лажица какао
  • 200 мл млеко

Начин на подготовка:

Најпрво изматете ја слатката павлака во цврста пена (матете околу 7-8 минути). Потоа ставете ја во ладилник и во друг сад изматете ги јајцата со шеќерот и матете околу 5-7 минути додека не се направи убава воздушеста смеса.

Соединете ги двете смеси, во садот со изматената слатка павлака додадете ги изматените јајца и промешајте убаво со шпатула. Додадете го и капучиното и повторно измешајте. Оставете убаво да се стегне филот во ладилник (околу 1 час, но најубаво е 2-3 часа)
Млекото и какаото ставете ги во сад и загрејте ги додека какаото убаво не се вмеша во млекото.

Бисквитите една по една натопете ги во чоколадното млеко и редете ги во садот каде што ќе ја сервирате тортата. Откако ќе го наредите првиот ред со бисквити, ставете од филот, потоа продолжете со ред бисквити, па ред фил и се така додека не го потрошите филот и бисквитите.

На крај премачкајте со фил и декорирајте со какао.

Повеќе рецепти од кујната на Давор пронајдете на неговата FB страна Dave’s Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби