Храна што го намалува крвниот притисок

Имате проблем со високиот крвен притисок? Наместо да „клукате“ најразлични апчиња за да го регулирате обидете да воведете мали промени во својата исхрана.

Какао

Прашокот од 100% какао содржи флаваноли – антиоксиданси со растително потекло кои го намалуваат крвниот притисок така што ги шират крвните садови, овозможувајќи непречен проток на крвта.

Спанаќ

Овој зеленчук содржи 3 состојки кои го намалуваат крвниот притисок – калиум, фолна киселина и магнезиум.

Калиумот помага при испуштање на натриумот (солта) и течностите од телото со што се намалува притисокот. Магнезиумот ги релаксира тенките крвни садови, одржувајќи им ја еластичноста и нормалниот проток на крвта, додека фолната киселина (витаминот Б9) помага во разградувањето на хомоцистеинот, аминокиселина која има потенцијал да ги оштетува внатрешните ѕидови на артериите.

Лук

Лукот не само што додава вкус на јадењата, туку и го намалува крвниот притисок поради големата концентрација на алицин – состојка која одржува здрава поставата на крвните садови, чие оштетување може да доведе до хипертензија, покрај други болести.

Тиква

Тиквата е преполна со калиум, чии ефекти веќе ги споменавме. Покрај вообичаеното нејзино спремање со печење во есенскиот период, од неа можете да правите слатко, смутија, ќофтиња и што уште не.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби