Придобивки од јадењето цитрусно овошје

Цитрусното овошје (портокали, лимони, мандарини, грејпфрут и сл.) е одличен извор на витаминот Ц кој го подобрува имунитетот, но покрај тоа нудат и многу други здравствени придобивки

1) Tие се добар извор на растителни влакна

Портокалите имаат 2.3 грама, а мандарините 1.6 грама растителни влакна – а просечната количина (за жени) е околу 25 грама дневно. Што е уште поважно, две третини од влакната во цитрусните овошја се растворливи, што е поврзано со намалување на холестеролот и регулирање на нивото на гликозата во крвта. Остатокот влакна кои не се растворливи овозможуваат подобра работа на дигестивниот систем.

2) Добри се за срцето

Цитрусните овошја содржат флавоноиди, растителни состојки кои го подобруваат здравјето на срцето. Студии покажале дека црвениот грејпфрут кој е богат со антиоксиданси помага за намалување на „лошиот“ холестерол, како и за нивоата на триглицериди во крвта. Но, доколку се земаат лекови за намалување на холестеролот, треба да се избегнува грејпфрутот бидејќи може да им го намали дејството.

3) Богати се со калиум

Кога ќе се спомне калиум, најверојатно прво што ви текнува се бананите – меѓутоа цитрусните овошја се исто така богати со овој минерал кој е значаен за регулирање на течностите во организмот, балансот на минерали, како и на мускулните контракции. Со јадење на храна богата со калиум, ризикот од мозочен удар може да се намали за 21%.

4) Помагаат при апсорпција на други хранливи материи

Витаминот Ц ја зголемува одржливоста на катехините, антиоксиданси кои ги има во зелениот чај – што е причината зошто во овој чај најчесто се додава лимон. Цитрусните овошја исто така му помагаат на телото подобро да го апсорбира железото, минерал важен за имунолошкиот систем бидејќи му помага на телото да создава црвени крвни клетки.

5) Го хидрираат телото

Како и краставиците, лубениците и доматите и цитрусните овошја имаат голем процент на вода во нив (портокалите 87%, а грејпфрутот 88%). Нивното внесување во организмот му помага на телото да остане хидрирано и да функционира како што треба.

6) Ја одржуваат кожата помлада

Витаминот Ц има улога во создавањето на колагенот, кој ја одржува кожата мазна и еластична. Иако се потребни дополнителни истражувања, одредени студии покажале дека оние кои внесувале многу храна богата со витамин Ц имале помалку брчки и немале сува кожа како оние кои тоа не го правеле.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби