Кои продукти треба да се чуваат во фрижидер, а кои не?

Кога станува збор за храната, секогаш постојат различни совети за тоа како треба да се чуваат определени продукти. Теглите мајонез во големите маркети стојат на полиците, но тоа не значи дека и дома треба да ги чувате на истиот начин.
Затоа во прилог ви откриваме дали следните седум намирници е подобро да ги чувате во фрижидер или пак на друго место.

1) Путер

Иако технички путерот е млечен производ, а сите такви треба да се чуваат на студено, американската администрација за храна и лекови вели дека може да се направи исклучок за путерот. За разлика од млекото и разните кремови, путерот може да се јаде и чува и на собна температура – особено доколку претпочитате да е помек и полесен за мачкање.

2) Мајонез

Мајонезот може да се чува и надвор од фрижидерот, но само додека не се отвори – потоа мора да се стави во него. Се препорачува отворената тегла мајонез да се фрли доколку стоела на температура поголема од 10°C подолго од 8 часа.

3) Лути сосови

Овие сосови нема потреба да се чуваат во фрижидер благодарејќи на оцетот и солта во нив, кои дејствуваат како конзерванси до 8 недели откога шишенцето ќе се отвори. Доколку сакате повеќе да траат, лутите сосови може да ги чувате во фрижидер до 6 месеци.

4) Мед

Не само што медот е сосема безбеден да се чува надвор од фрижидерот, туку тоа и се препорачува, бидејќи изладениот мед е тежок за користење на било каков начин.

5) Путер од кикирики

Путерот од кикирики може безбедно да се чува на собна температура до 3 месеци откога е отворен, но внимавајте за тоа време да не деградира (поради конзервансите во него). Природниот путер од кикирики кој не содржи никакви конзерванси, пак, задолжително чувајте го во фрижидер.

6) Сос од соја

Соја сосот мора да се чува во фрижидер штом еднаш се отвори, и таму може да остане во добра состојба добри 2 години.

7) Маслиново масло



Ваквото масло може да го чувате каде сакате, бидејќи ќе трае подеднакво долго без разлика на температурата. Се препорачува да се чува на студено и темно место, бидејќи вкусот му е подобар кога се чува на собна температура.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби