БАНАНИ, АВОКАДО, БЕЛ ОРИЗ...

Храна која помага при вознемирен стомак

Надуениот стомак и проблемите со грчеви и дијареја може да бидат мошне непријатни, особено кога не можете да останете дома и морате да одите на работа. Иако во вакви денови се препорачува исхраната да ви биде што поедноставна, постојат определени типови на храна кои може да ви помогнат да го смирите стомакот.

Банани

Постои причина зошто бананите се препорачуваат како енергетска храна за маратонските тркачи. Тие се лесно сварливи и не го вознемируваат стомакот. Ова овошје помага при стомачни тегоби бидејќи содржи пектин, состојка која помага за природно зацврстување на столицата.

Папаја

Oва тропско овошје го поттикнува и олеснува варењето на храната, а помага и при запек. „Магијата“ е во ензимите папаин и кимопапаин, кои помагаат при разложување на протеините и обложување на желудецот, овозможувајќи здрава кисела средина. Доколку не сте во можност да се снабдите со свежа папаја, таблети со екстракт од папаја би требало да има во секоја подобро снабдена аптека или продавница за суплементи.

Бел ориз

Белиот ориз не го оптоварува веќе чувствителниот дигестивен систем, а помага при појава на дијареја бидејќи ги апсорбира течностите од телото, со што ја зацврстува столицата.

Ѓумбир

Голем број на студии покажале дека ѓумбирот помага против гадењето и го подобрува целокупното дигестивно здравје. Се препорачува најмногу до 4 грама ѓумбир дневно, кој може да се јаде свеж, или во вид на прашок да се направи чај од него.

Каша од јаболка

Како и бананите и јаболката се добар извор на пектин. Доколку чувствувате тегоби во стомакот, не ги јадете јаболката цели туку испечете ги и направете каша од нив – на тој начин ќе бидат многу полесни за варење.

Билни чаеви

За стомачни тегоби се препорачуваат чаевите од нане или камилица. Студии имаат докажано дека нането активира канал во цревата кој се справува со болката, со што меѓу другото, се олеснуваат симптомите поврзани со синдромот на нервозно дебело црево, додека камилицата исто така помага за олеснување на абдоминалните болки.

Јогурт



Повеќето млечни производи се штетни за вознемирениот стомак, но обичниот јогурт има спротивен ефект. Клучот е да се пие пробиотски јогурт кој има “активни култури“ кои го зголемуваат бројот на добрите бактерии во стомакот и кои помагаат при варењето и ја намалуваат подуеноста.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби