Зошто е важен витаминот Д и која храна изобилува со него?

Се смета дека дневната доза на овој витамин е 600UI (интернационални единици), но како да дојдеме до нив и зошто тој е толку важен за нашето здравје?

Телото најголем дел од витаминот Д го добива од сончевата светлина (ултравиолетовите Б зраци), а откога ќе го процесира, хемикалијата во која го конвертира, наречена 25(OH)D се распространува низ телото каде се активира да ги врши двете главни функции: управување со калциумот во крвта, коските и стомакот и асистирање со интерклеточната комуникација.

Покрај овие две, витаминот Д врши и многу други функции: му помага на телото да го апсорбира калциумот, промовира растење на коските, помага во борбата против депресија и намалување на тежината и го редуцира ризикот од мултиплекс склерозата, срцеви заболувања и грипот.

Бидејќи не секогаш има сонце, а и во поново време сè помалку излегуваме од дома и се движиме на отворено, внесувањето на овој витамин преку храната е по конзистентно и сигурно решение, со кое исто така се избегнува ризикот од изгореници од сонцето или рак на кожата.

Еве која храна е богата со витаминот Д:

1) Туна од конзерва

Овој тип на туна содржи 236UI во една конзерва од 100gr. и воедно е одличен додаток во салати комбинирана со разни продукти (марула, авокадо, краставици и сл.),

2) Засилени млечни производи

Млечните производи природно не содржат значителни количини на витаминот Д, но со нивно зајакнување таа количина е зголемена на 34% од дневната потреба.

3) Скуша

Кога витаминот Д е во прашање, нема подобар извор од скушата. Оваа голема, масна риба има сличен нутритивен профил како туната, но има помалку жива од неа. 115gr скуша има и повеќе од потребната дневна доза од витаминот, полна е и со омега-3 и омега-6 масни киселини како и протеин, а помага и за намалување на крвниот притисок кај мажите.

4) Млеко од соја

За вегетаријанците, веганите и оние кои имаат неподносливост на лактоза, најдобар начин за внес на дневната доза витамин Д е преку зајакнато млеко од соја. Тофу сирењето, е исто така вообичаено зајакнато со витаминот.

5) Див лосос

Сто грама див лосос содржи 988UI, во споредба со оној домашно одгледуваниот кој содржи 25% помалку од тоа. Покрај витаминот Д, лососот е одличен извор и на омега-3 масните киселини, селен и протеини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби