Во период кога се велигденските пости, направете посен путер од лешници, кој откако ќе го пробате еднаш, ќе посакате да го консумирате постојано. Може да го комбинирате со разни благи работи, но и самостојно како намаз.
Потребни состојки:
- 2 шолји печен лешник без лушпи
- 2 супени лажици шеќер од кокос
Начин на подготовка:
Ставете го лешникот во блендер и блендајте го неколку минути, додека не пушти масло и не се претвори во путер. Додајте го кокосовиот шеќер и мешајте уште една минута. Смесата ставете ја во тегло и чувајте ја во фрижидер.
Ако сакате да постигнете кремаста структура, во кремот може да додадете малку вода (1/4 шолја) и матете сè додека путерот и водата потполно не се соединат.