Со „златен“ зачин против воспаленијата

Што е заедничко за сенфот и кари прашокот? Нивната жолта боја доаѓа токму од куркумата.

Овој „златен“ зачин доаѓа од билката curcuma longa или curcuma domestica, која е со потекло од Северна Азија, а се добива од делот кој личи на корен и расте под земјата, наречен риозом.

Риозомите се варат, па сушат и од нив се добива прашокот кој се продава посебно или се додава во многу кари мешавини, а во одредени специјализирани продавници може да се најде и свежиот плод.

Една малечка лажичка прашок од куркума содржи само 9 калории, но зачинот е вистинска „ѕвезда“ поради анти-воспалителните молекули кои ги содржи, вклучувајќи и еден кој се вика куркумин и кој е 3.14% од прашокот.

Разни истражувања покажуваат дека куркуминот е потентен антиоксидант, а покрај анти-воспалителните карактеристики има и антивирусни, антибактериски, анти-габични, а предизвикува и акции кои го модулираат имунолошкиот систем.

Покрај сето тоа, некои студии покажале и дека ги прочистува артериите. Една Тајванска студија покажала дека луѓето кои консумирале екстракт од куркума секој ден, имале значително редуцирани нивоа на лош холестерол (LDL) по само 12 недели.

Други истражувања, пак, покажале поврзаност на куркумата и со здравјето на очите, каде што било заклучено дека оние кои почесто го консумирале зачинот имале намалени шанси да развијат миопија – состојба на очите која може да предизвика губење на видот.

Британска студија пак покажала дека куркуминот го намалувал воспалението во стомакот кај луѓето со воспалителна болест на цревата – меѓу другото и поради тоа што зачинот дејствува како природен намалувач на болка, со ефекти слични на ибупрофенот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби