Храна која помага против сезонски алергии

Поради климатските промени, секоја сезона на алергии е полоша од претходната. Високите нивоа на јаглерод диоксид во атмосферата придонесуваат за создавање на алергенски полен, додека прераното зголемување на температури предизвикува подолги сезони на алергиите.

Добрата вест е што на располагање ни се и природни олеснувачи на алергиите, дел од нив ефективни скоро и колку лековите. Еве каква храна треба да внесувате за олеснување на симптомите од алергиите:

1) Брокула

Овој зеленчук изобилува со витаминот Ц кој ги намалува симптомите на алергијата и е дел од семејството билки кои имаат својство на одблокирање на синусите. Инаку, потребни се околу 500mg од витаминот Ц дневно за намалување на алергијата, а само една шолја свежа брокула има околу 80mg.

2) Чоколадо (какао)

Какаото има антиалергиски својства преку редукција на IgE синтезата – студија од 2012 покажала дека лабораториски животни чиј режим на исхрана бил збогатен со какао, за 4 недели ги намалиле нивоата на IgE во споредба со глувците на кои им била давана стандардна исхрана. IgE е имуноглобин Е, односно антителата кои се ослободуваат од имунолошкиот систем, кои предизвикуваат алергиски реакции.

3) Цитрусни овошја

Овој тип на овошја се исто така богати со витаминот Ц – голем портокал има скоро 100mg од овој витамин, додека голем грејпфрут има околу 120.

4) Кељ

Кељот е дел од семејството билки на кои припаѓа и брокулата и е богат со картеноиди – пигменти кои помагаат во борбата против алергиските симптоми.

5) Кромид и лук

Кромидот и лукот се богати со кверцетин – „тајно оружје“ кое се справува со алергиите со тоа што делува како антихистамин.

6) Магдонос

Магдоносот ја инхибира секрецијата на хистаминот, кој предизвикува алергија. Воедно е и диуретик, па задолжително консултирајте се со вашиот доктор пред да земате било какви суплементи базирани на магдоносот или пред да јадете големи количини од него.

7) Aнанас

Ова тропско овошје содржи ензим наречен бромелаин, кој е моќен суплемент против воспалувања. Истражувањата покажуваат дека бромалинот може да ги олесни болките во грлото и иритацијата на синусите, а покрај тоа ананасот е богат и со витамин Ц.

8) Лубеница и домати

И двете летни овошја се богати со ликопен, кој ги олеснува алергиите и акумулирањето на клетки кои ги предизвикуваат алергиските симптоми во белите дробови (конкретно, белите крвни клетки наречени еосинофили).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби