КОИ СЕ ВАШИТЕ ЦЕЛИ?

Одберете го вистинскиот протеински прашок

Изборот на разни видови на протеински прашоци е огромен, и лесно е човек да се „изгуби“ во сите тие информации во врска со состојките, нивната количина и дејство, начинот на консумирање и сл. Еве неколку совети како да одберете протеински прашок кој ќе ви одговара:

1) Знајте ги своите цели

Важно е да се знае дека сите протеини не се еднакви, и различни видови протеини имаат различно дејство врз организмот. Затоа, пред да купите било каков, знајте ги своите цели: дали се обидувате да изгубите тежина, изградите мускули, да ја зголемите тежината, или само да внесете повеќе хранливи состојки во вас.

2) Доколку сакате да изгубите тежина ...

... размислете за пиење на протеинскиот шејк како замена за оброк, или како здрава опција за ужинка. Во тој случај, барајте протеин чија етикета го содржи зборот „concentrate”. Овој вид на протеини се варат побавно во стомакот, и обично покрај високата доза протеини содржат и додатни јаглехидарти, минерали, вода, и масти. Доколку сакате да изгубите на тежина, не ги мешајте со ништо друго освен вода, бидејќи ако ги мешате со млеко или јогурт само ќе им ја зголемите калориската вредност и времето за варење.

3) Додајте „гориво“ на тренинзите со изолати

Изолатите протеини во прав се одлични за пред и после тренинг бидејќи телото бргу ги обработува, и помагаат при закрепнувањето на мускулите.

4) Подобрете го режимот на исхрана со казеин

Казеинот е протеин кој бавно се вари (6 до 8 часа), и е идеален за внесување во телото пред легнување. Тој е одличен и доколку сакате да ја зголемите мускулната маса.

5) Одберете протеин каков што ви одговара

Најзастапен е млечниот протеин Whey кој ги содржи сите основни амино киселини, но доколку не внесувате млечни производи во себе, како опција на располагање е протеинот од соја. Постојат и комплетно вегански протеински прашоци, како и од говедско месо.

6) Внимавајте на дозата

Бидејќи протеинот се внесува и преку храната, доколку постојано пиете и шејкови постои шанса да внесувате премногу протеин во себе, кој за жал доколку потполно не се свари, се претвора во масни резерви. Најдобро е да внесувате по 20-30 грама во еден шејк, и да внимавате на вкупниот внес на протеин во текот на денот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби