Што се појадува во земјите кои се хранат најздраво?

1) Катар

Јајцата се најчестиот појадок во Катар – Balaleet е слатко фиде од шафран со јајца, а shakshouka се јајца на око во богат сос од домати. Овие јадења обично се јадат со грав (luba) или лепчиња.

2) Норвешка

Тука појадокот вообичаено се состои од отворен сендвич намачкан со „здрав путер“ и додаток (кој тие го викаат pålegg) како шунка, салама, или пушен лосос. Норвежаните на тоа додаваат кајгана, бело или кафено сирење, како и неколку парчиња краставица или некое овошје.

3) Швајцарија

Типичниот појадок во Швајцарија се муслите – мешавина од овес со разни житарици и суво овошје, кои се јадат со јогурт или свежо овошје. Често се јаде и леб со мармалад, или кроасани.

4) Луксембург

Појадокот во Луксембург е многу сличен со оној во Германија – повеќето луѓе јадат леб со путер и сирење или мармалад, а овие отворени сендвичи таму се нарекуваат “Schmieren”.

5) Јапонија

Традиционалниот појадок во Јапонија се состои од ферментирана соја наречена natto, кисел зеленчук, риба на скара, ориз, мисо супа и зелен чај. Но, не секој се храни вака – храната во западен стил како тост, јајца и кафе станува популарна и во Јапонија.

6) Исланд

За повеќето луѓе во Исланд, денот не започнува без кафе и тост, или голема чинија овесна каша. Во многу домови тој вклучува и здрава доза на масло од џигер од бакалар, кое е богато со витамин Д.

7) Австрија

Австријците имаат богат појадок кој најчесто се состои од кафе, леб, мармалад, путер, варено јајце, авокадо, урда, или тост со шолја топло млеко со мед.

8) Сингапур

Стандардниот појадок тука се две ровити неизлупени јајца, крцкав двопек со мармалад од кокос, малку путер, и врело кафе.

9) Шведска

Типичниот појадок обично се состои од обичен или крцкав леб намачкан со биено сирење, шведски кавијар или филети. Популарна храна за појадок е и каша, варени јајца или кисело млеко (кое тие го нарекуваат filmjölk )

10) Австралија

Просечниот жител на Австралија на трпезата за појадок има Weet-Bix житарки богати со растителни влакна, и двопек со популарниот австралиски намаз Vegemite кој се прави од остатоците од пиварски квасец. Се јаде и авокадо врз двопек, посеан со фета, сок од лимон и бибер, во комбинација со, се разбира, шолја кафе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби