8 начини како шеќерот влијае на телото

Повторно претеравте се шеќерот? Се чувствувате млитаво? Внесувањето на преголемо количество на шеќери во организмот може да влијае на различни начини врз нашето тело. Во прилог следат неколку од нив:

1) Вашиот мозок страда

Фруктозата – шеќерот кој природно се наоѓа во овошјата и е компонента, заедно со гликозата, во разни сирупи, го активира центарот на мозокот кој е задолжен за „наградување“. Но, со тек на времето, исхраната која изобилува со фруктоза го отежнува учењето и помнењето, што било докажано со истражувања врз животни.

2) Сакате да јадете повеќе

Со активирање на центарот за наградување и апетит во мозокот, фруктозата влијае врз чувството за ситост, што уште повеќе го отвора апетитот.

3) Кожата побрзо старее

Премногу шеќер може да ја попречи поправката на колагенот, протеинот кој ја прави кожата еластична, и да резултира со предвремени брчки и намалена еластичност.

4) Вишокот шеќер се складира како масти

Црниот дроб има капацитет да го метаболизира шеќерот за да го користи за енергија, но само до одредена граница. Фруктозата која е необработена во црниот дроб се конвертира во масти, со што се зголемуваат шансите за тип 2 дијабетес, кардиоваскуларни болести и преголема тежина.

5) Клетките во телото се оштетуваат

Фруктозата го забрзува процесот на оксидација на клетките, што ги оштетува протеините, ткивата и органите. Тоа може да доведе до разни болести како оние на црниот дроб, откажување на бубрезите или катаракта.



6) Се навлекувате на него

Внесувањето шеќер во организмот води до ослободување на допамин, невротрансмитер поради кој стануваме зависни од некои работи. Како што невроните кои се рецептори на допаминот премногу се стимулираат, бројот на рецептори се намалува, па потребна е поголема доза допамин за да го почувствувате истиот ефект.

7) Јадењето поради стрес предизвикува стрес

Слатката храна може да го намали нивото на стрес хормонот кортизол, но преголем нејзин внес претставува ризик за појавување на отпорност од инсулин, што предизвикува стрес на телото од внатре. Истиот ефект (намалување на кортизолот) се постигнува со вежбање, така да во стресни ситуации заменете ги слатките со теретана или некоја друга физичка активност.



8) Енергијата се накачува, но „спуштањето“ е лошо

Рафинираните јаглехидрати како оние во белиот леб и тестенините предизвикуваат нагло накачување на гликозата во крвта, што предизвикува чувство на зголемена енергија. Но, тоа чувство се претвора во млитавост и се чувствувате уште по летаргични отколку што сте биле пред да го внесете тој тип на храна. Наместо тоа, помеѓу оброците консумирајте храна богата со протеини која го стабилизира шеќерот во крвта.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби